БЕГ најде гас за парното: Договорот со ТЕ-ТО тежи фантастични 70 милиони евра

Балкан енерџи груп (БЕГ) компанијата која ги топли скопјани преку мрежата од Топланата Запад, Топланата Исток и Топланата 11 октомври склучи договор со ТЕ-ТО за набавка на гас. Договорот е вреден дури над 70 милиони евра и објавен е само ден пред истекот на 2021 година. Станува збор за рамковна спогодба, која веќе е објавена на Системот за јавни набавки. За оваа сума треба да се купат 38 милиони нормални кубни метри гас.



Обезбедувањето на гасот значи дека скопјани ќе имаат греење без прекин, иако претходно се шпекулираше дека поради тоа што БЕГ немаше обезбедено гас, се става под знак прашалник испораката на топлина до домовите.
Линк до целиот текст на ФАКТОР.