Ова го порача организационениот секретар на ДУИ и градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
„Апсолутно нема потреба Алијанса за Албанците да биде дел од Владата. Јас сметам дека влезот на АА во Влада не е потребен, не е политички момент.
Тие изгубија на избори, тогаш зошто би биле дел од Влада.
Ако се некој мисли дека потребно е Алијанса да биде дел од Владата поради уставните измени, сметам дека сите албански партии ќе гласаат за уставните измени.
Не знам дали Али Ахмети преговара со Алијанса за Албанците. Не е добро за демократијата да се случи тоа“, порача Беџети.







