Универзитетиот професор од Тетово и поддржувач на Али Ахмети, Нури Беџети, синоќа во дебатна емисија на косовската ТВ Дукаѓини, го праша лидерот на Демократското движење Изет Меџити, дали косовскиот премиер побарал од албанската опозиција да формира „заедница’ на албански општини во Македонија, пренесе 360 степени
„Господинот Курти сака да внесе радикални елементи и им порача да направат заедница на албански општини со сепаратистички тенденции“ рече Беџети, поранешен припадник на ОНА и е на американската црна листа од 2001 година, мислејќи на средбата на претставниците на Беса, Алтернатива, Демократско движење и Алијанса на Албанците кои пред два дена беа на средба со косовскиот премиер.
„Господинот Курти не побарал такво нешто“ одговори Меџити кој присуствуваше на дебатата.
Меџити беше искриикуван од Беџети дека не гласал за Талат Џафери да стане премиер:
„Зошто не гласавте за Талат Џафери, припадник на ОНА, командант, човек кој за првпат седнува во фотелјата како премиер Албанец? Барем како граѓанин, да бев јас, би гласал со раце и нозе, но не сум пратеник, тебе ти дал Господ. Како те држеше душата прво да не го гласаш, па после политички – нападни го, фатална грешка си направил“, рече Беџети.






