Осуден за бројни злосторства, вклучувајќи ја и неговата улога во планирањето на убиствата на обвинителите Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година, што ја шокираа Италија и поттикнаа невидена акција против сицилијанската мафија, италијанскиот мафијашки бос Матео Месина Денаро, почина во затворска боница – напуштен од сите.



Тој еднаш тврдеше дека убил доволно луѓе за да наполни гробишта.

Тој беше уапсен во јануари по 30 години потрага по него, објави во понеделникот италијанската новинска агенција АНСА.

Месина Денаро (61) боледувал од рак и бил уапсен откако било откриено дека се лекува во приватна болница. Бидејќи неговата состојба се влоши во последните недели, тој беше префрлен во болница од максимално обезбедуваниот затвор во централна Италија, каде што првично беше задржан.

Тој не побарал агресивен нов медицински третман, објави АНСА, додавајќи дека лекарите престанале да го хранат откако било објавено дека паднал во неповратна кома.

Наречен „последниот кум“ од италијанскиот печат, Месина Денаро се верува дека не ѝ дал никакви информации на полицијата откако беше уапсен пред приватна здравствена клиника во сицилијанската престолнина Палермо на 16 јануари.

Според медицинските досиеја протечени во италијанските медиуми, тој бил подложен на операција на рак на дебелото црево во 2020 и 2022 година под лажно име.

Лекар од клиниката во Палермо изјави за весникот La Repubblica дека здравјето на Месина Денаро значително се влошило во месеците пред неговото апсење.