„Движењето БЕСА денес соопшти дека ќе ја поддржи иницијативата за укинување на техничката влада. Оваа партија бара предвремени парламентарни избори во најбрз временски рок.“ – јавија весникот „Лајм“ и другите медиуми на албански јазик.
“„Иницијативата за промена на законот за влада, односно за укинување на техничката влада, како чекор пред парламентарните избори, е многу погодена и ќе има поддршка од пратениците на Движењето БЕСА.
Го потврдуваме нашиот став дека на државата и се потребни стабилни институции, политичка стабилност и конкретни чекори за економско закрепнување.
За да се обезбеди тоа повеќе од потребно е тоа земјата треба да оди на предвремени избори.Затоа укинувањето на процедурите за техничка влада е чекор за забрзување на излезот на државата од кризата.“, се вели, меѓу другото, во соопштението на Движењето БЕСА, кое го пренесоа медиумите на албански јазик..





