Базањи за ТВ Топ Чанел: „Подготвени сме за војна со Русите – има многу Албанци во украинската армија“

„Емануел Базањи неколку години служел во пешадиски баталјон во албанската војска. Воената кариера ја заврши во Тирана, во Албанија. но веќе две години е дел од украинската армија. Во интервјуто тој објаснува зошто донел одлука да и се придружи на армијата на оваа земја, која од момент во момент очекува да биде завладеана од Русите.“ – објави ТВ Топ Чанел од Албанија.



На својот интернет – портал овој телевизиски медиум од Албанија ги пренесува одговорите на поранешниот припадник на албанската армија Емануел Базањи, кој решил да биде платен регуларен дел на украинските оружени сили особено сега кога секојдневно расте веројатноста за оружен судир меѓу украинската армија и НАТО-единиците со руските сили. „Подготвени сме со помош на сојузниците да да се соочиме со секој напад на Русите’ – истакнува Базањи и додава: ‘Сакам да им помогнам на овие луѓе, за да не страдаат како што страдаа косовските Албанци во времето на поранешна Југославија. Меѓусебно многу членови на мојата група во украинската армија имаме блиски пријателства: тие учествуваа во војната на Косово и го овозможија исфрлањето на српските трупи од Косово. Ние сме копнена сила на украинската војска, дел од моторизирана бригада.“

„Базањи изнесува дека има многу Албанци во Украина: ‘Тие се дел од украинската армија. Повеќето од нив се украински Албанци, родени и израснати овде. Јас сум со Албанци овде, но не и со доселеници, или родени во Албанија. Има мнозина од Балканот. Ги има од од Словенија, Хрватска, од 27 земји од светот. Најголемиот дел од нас, кои сме официјално ангажирани во украинската армија, се претежно Американци, Британци, Французи, Австралијци.. Сме имале колеги и од Јапонија.“

„Овој поранешен припадник на албанската армија напомнува дека е дел од оделение за специјални операции, како елитен дел од украинската армија: ‘Сега повеќемината од групата се специјални американски сили, ги има од британските специјални сили, вклучувајќи ги американските маринци, и ‘зелените беретки’. Има и Грузијци, кои се целосно обучени во американските воени академии. Сите ние имаме договори.“

ТВ Топ Чанел му постави и вакво прашање на Емануел Базањи: “Кога во Албанија, повикувајќи се на американски медиум, беше пренесена веста за вашиот ангажман во украинската армија, имаше многу коментари со многу негативни тонови кон вас?“ Уследи одговорот: „Многу Албанци употребија најбанални навреди, што не остава убаво чувство кога еден Албанец така се изразува за друг Албанец. Многумина од нив моето доаѓање овде го нарекоа лудило. Мнозина други го оценија тоа што го правам овде како нешто незаконско. Други го поврзуваат со политика или религија. Бев тажен кога ги прочитав тие коментари од моите сонародници. Не ги очекував овие нивни коментари откако поминав неколку години од мојот живот во Албанија. Сакам да му кажам на секој Албанец дека ова нема никаква врска со религија или политика. Сите овде сме редовни војници. Ги извршуваме должностите на земјата, на која сме избрале да и служиме.“ – објави ТВ Топ Чанел.

Инаку, наспроти вакви ставови кај дел од јавноста во Албанија, од друга страна, Косово веќе искажа безрезервна подготвеност војниците од неговите Безбедносни сили да се приклучат на НАТО. Уште на 9 декември 2021 година премиерот на Косово Албин Курти порача: „Ако НАТО побара, подготвени сме да ги испратиме Косовските безбедносни сили во Украина во случај на судир меѓу руската и украинската страна. Косово ќе биде подготвено да дејствува, што и да предвиди НАТО.“