Бауш: Доаѓа потешко, народот – на раб на сиромаштија, стопанството – во криза, мерките на власта – панични

ММФ ни одобри кредит од 530 милиони евра, за 24 месеци а првите пари 110 милиони евра ќе стигнат веднаш. Ако претходно се задолживме 250 со посебна обврзница за германскиот пазар, а дефицитот ни е 700 милиони евра, а власта вели дека сето тоа е обезбедено од задолжувањата, што значи ова? Дали ќе имаме доволно пари да ја пребродиме оваа криза?



-Ако паметите, проектирањата за задолување од ММФ беа поголеми. Дури одеа до цифра на 800 милиони евра до милијарда. Добрата вест е што ММФ им дава една транша на пари, а другата е дека ќе ги мониторира во сите нивни трошења, каде ќе ги трошат. Е сега, ММФ ви дава пари колку да трошите за оперативни работи. Задолжувањата што ги имавме кон другите банки, каматните стапки кои треба да ги платите како држава, а од друга страна не ви дава да ги користите за ликвидни работи. За излез од кризата не можете да располагате со тие средства, затоа што тоа се програмирани, наменски пари. Лошата вест е што јавниот долг се зголемува, и натаму ќе се зголемува. Од друга страна, ако го следевте последниот извештај на Светската банка која ни наметна да расмислуваме за длабоки реформи, реформи кои почнуваат од фискална политика, значи ќе почнеме да мислиме како да ги вратиме овие средства, а ќе почнеме да мислиме како да ги вратиме откако ќе почнеме да мислиме како да ја менаџираме фискалната, односно даночната политика, а од друга страна, во тој извештај беше добро потенцирано и менаџирање на јавните пари – подобро и поефикасно менаџирање на јавните пари. Ако го прочитате извештајот за земјите од Западен Балкан, ќе видите дека ние имавме најцрно сценарио од сите земји, затоа што другите веќе почнаа да ги враќаат парите, а ние како држава зајмуваме пари. Во моментот кога парите се многу скапи на пазарот и не знам како ќе биде понатаму, влегуваме во една потешка ситуација вели универзитскиот професор Абил Бауш за тв 24.

Јавниот долг достигна над 7,2 милијарди евра. Годинава очекуваме долгот да надмине над 65% од БДП што е ризично за државата. Дали овој товар и сиромаштија ќе можат да го издржат граѓаните?

-Во нормални, многу нормални услови, да имате 65% јавен долг и да се вратите во даночни рамки, (не е уставно гарантирано да не поминеме над 60% од јавниот долг) ќе ви требаат повеќе од 10 години да ги вратите тие пари. И тоа во нормални услови, не во вакви услови во кои сме ние. Ако оди според предвидувањето и во 2024 ние одиме кон економија која ќе биде пофункционална, во 2023 очекуваме да имаме едноцифрена инфлација, во 2024 очекуваме да имаме рекуперација на економијата и да почнеме да ги гледаме првите никулци на економски раст. Ако почне таму, тогаш, со овие средства, да се вратиме во нормала, ние ќе треба да чекаме до 2030 година, со вакво менаџирање на средствата. Затоа треба сериозно да се занимаваме со реформите, и внатре да се занимаваме со добро менаџирање на парите од буџетот. Во ситуација сме како да гасиме пожари, социјални пожари, а од друга страна, панично изгледаат овие мерки и политики кои ги презема централната власт.

Владата го најави тој кризен план, дека 300 милиони евра ќе не чини оваа криза. Кои се вашите очекувања, бидејќи цените вртоглаво постојано растат на светските берзи? Колку ќе платиме оваа крза? Како тоа ќе се одрази на јавниот долг и ќе требаат ли уште и уште кредити?

-Почнуваме да влегуваме во една стабилна фаза на инфлација. Таа е двоцифрена, но стабилна. Но, дека импактот од инфлацијата и економската (не)активност ќе ја чустуваме понатаму и почнуваме веќе да ја чуствуваме. Дури сега ни се појавуваат проблеми на кои претходно предупредуваме дека ќе се случат, заедно со преземените политики. Маржата не ги даде очекуваните резултати и многу, премногу ја користевме во оваа ситуација. Од друга страна, ние не успеавме да не бидеме зависни од некои одредени енергенси, од некои држави, во случајов од рускиот гас, а од трета страна, не успеавме како држава да се наметнеме на пазарот на електрична енергија, да најдеме добри сојузници па некако да влеземе во тој пазар.

Но имаме за 750 денари месечно, 1500, 3000 денари за социјално најранливите категории. Дали тие мерки се доволни, а сеуште немаме мерки за стопанството кое најавува големи отпуштања од работа?

-Токму тоа ми е одговорот. Ако вие за зачувате само таа потрошувачка сила само кон најранливите категории граѓани, а од друга страна не балансирате кон стопанството, мора да најдете политика да балансирате и во стопанството, да ги одржите најранливите категории во стопанството кои имаат многу проблеми и вработени кои можат да ги отпуштат. А да се вратат во првобитна состојба е многу тешко, бидејќи пазарот за некои компании може да биде во губитна комбинација, веќе никогаш да не може да го вратат пазарот. Тука ни е нас проблемот. Дали влегуваме во фаза на длабока рецесија, ние сме во рецесија, но дали влегуваме во длабока рецесија, или како велеше извештајот на Светска Банка, дали ние веќе од стагнација со инфлација влегуваме во стагфлација? Во оваа ситуација ни требаат политики кои не треба да бидат само краткорочни, сегашни, тку треба да се мисли на некои средноролни и долгорочни политики. Стопанството не очекува да се помогне со ад-хок мерки, туку е потребен сет од мерки за помош на среднорочен план. Не на краткорочно ниво, бидејќи тие краткорочно, веќе се во криза од 2019 година. И тие ја чуствуваат таа криза веќе неколку години.

Колку ќе го платиме цехот на оваа криза како држава и колку скапо ќе ги чини граѓаните? Ќе осиромашува ли народот?

-Народот веќе е на работ на сиромаштија, еден голем процент. Ако ја видите статистиката според Светска банка, кај младата популација е над 30% што е многу алармантна ситуација. Иако цифрите за невработеноста се стабилни во овие моменти, 15,5% ако не се лажам, но кај младата популација е висока. Веќе се чуствуваат ефектите на криза. Ние влегуваме во криза. Најдобро е да се мисли како ќе излеземе од кризата, колку ќе бидеме ранливи и колку тој импакт ќе биде погоден. Трендовите се дека ние влегуваме во рецесија, и дека ако вака се продолжи, ние во 2024 би требало да очекуваме да ги видиме првите позитивни импакти од економијата.

Во пари, колку ќе платиме оваа криза?

-Па веќе почнуваме милијарди да плаќаме. Од јавниот долг, веќе ние влегуваме во милијарда долари цифри, ние плаќаме се поскапо и поскапо. Од социјалниот мир, енергенсите, па се до што може да не изненади зимата и некои други работи…веќе во милијарди влегуваме трошења. Немам некоја конкретна цифра, но веќе влегуваме во милијарди. Кризата ќе не чини милијарди вели универзитскиот професор Абил Бауш за тв 24.