Капитенот Енис Барди не го криеше задоволството од ремито 1:1 со европскиот вицепрвак Англија во последното коло од квалификациите за ЕП 2024.
„Знаевме дека нè чека еден тежок натпревар против Англија, затоа што знаевме кој е ривалот. Во последниот меч за оваа година бевме заедно и ја дадовме целата сила. Вака треба да се игра за репрезентацијата и да се излезе на терен кога се игра за националниот тим. Освоивме бод што нè радува сите нас, една мала земја како Македонија освои голем бод со Англија. Ова е знак за иднината и за тоа како треба да се бориме“, изјави Барди, кој со 16. гол се издвои на третото место на листата на стрелците на македонската репрезентација.
Зад фудбалерот на турски Трабзонспор со по еден гол помалку се Ѓорѓи Христов и Артим Шакири, а пред него само Горан Пандев со 38 и Александар Трајковски со 22.






