Полуфиналниот натпревар од баражот за Светското првенство во Катар меѓу Италија и Македонија, закажан за 24 март во Палермо, е под знак прашање поради тоа што мнозинството македонски репрезентативци се вакцинирани со „Спутник“, пишува словенечкиот весник „Дело“!
Руската вакцина против коронавирус не е призната во Европската унија, а со тоа ни во Италија, па македонските фудбалери имаат статус на невакцинирани и поради тоа нема да можат да играат на Апенинскиот Полуостров, додава весникот.
„Една од можностите е мечот да се одигра на неутрален терен во една од соседните држави. Друга можност е Северна Македонија, едноставно, да биде исклучена од дополнителните квалификации и Италија без битка да напредува до финалето, во кое би ги одмерила силите со подобриот од дуелот Португалија – Турција“, пишува „Дело“, повикувајќи се на италијанскиот весник „Република“.






