Новинарката Билјана Секуловска бара обвинители да истражуваат еден од омилените луѓе на списокот на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој со помош на МКарта овизможува полесен влез на луѓе од дијаспора во земјава.
Новинарката вели дека Ташковиќ кој живее во Њујорк бил под истраги а светски весници пишувале дека е измамник.
Глигор Ташковиќ беше во комисијата за одобрување проекти во рамки на Фондот за иновации и развој ФИТР преку кои СДСМ и ДУИ даваа и се уште даваат милиони евра на фирми на свои блиски бизнисмени а предходно Ташковиќ беше министер во една од владите на ВМРО-ДПМНЕ.
Членството на Ташковиќ во комисијата преку која СДСМ и ДУИ даваат милиони на свои луѓе најверојатно е причината поради која тој добил МКкарта од Османи.
,,Нормално дека најмногу се израдувавме кога го видовме Глигор Ташковиќ списокот брза лента на аеродромите за квалитетна дијаспора. Господинот министер во времето на Груевски, подоцна под истраги за криминали, со кои толку се прослави, што и угледниот „Њујорк Тајмс“ пишуваше за неговите измамнички подвизи, тешки 45 милиони долари.
Колку е поголема сумата на измамите на Ташковиќ, толку побрза лента на аеродромот за него. На крај, Османи ќе му ја конструира најбрзата лента преку една голема вртелешка, на која ќе биде катапултиран до која дестинација посакува. На вртелешката ќе пишува- обвинители, фатете го нашиов крунисан хоштаплер, ако можете”, пишува Секуловска.
Поврзана вест
Како власта преку ФИТР со десетици милиони евра купува гласови за следните избори





