Засрамете се и веднаш доаѓајте во Македонија, од премиерот бара пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.
Таа апелира Ковачевски кој е на одмор во скап ресорт во Грција да се врати и да се соочи со барањата на пензионерите кои бараат линеарно зголемување на пензиите.
,,Оставете ги егзотичните коктели по скапите плажи и веднаш доаѓајте во државава која ја запустивте.
Пензионерите не ги интересираат вашите недостижни 80 пратеници, ниту европскиот ви лажен фронт. Бараат покачување на пензиите, веднаш”, му пишува Стојаноска на Ковачевски.
Поврзана вест
Војна на Твитер: Хотелот на премиерот не бил 500 туку 400 евра од вечер и ,,вредел за сите пари”






