Барањата на Петков порадикални од оние на Каракачанов, вели Мицкоски

Таква оценка даде на денешната пресконференција лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за трите точки од Бугарија поставени како услов за кревање на ветото/.



Ова е обид на премиерот Кирил Петков, со ултра националистички постапки да ја одржи владејачката коалиција во Бугарија, вели Мицкоски.

„Тие три барања се порадикални и од барањата на Каракачанов. Тој вели – Декларацијата на парламентот, која е ултра асимилаторска и хегемонистичка, потоа вели Бугарите во Уставот и на крај Договорот за добрососедство.

Не знам кој нормален човек во Македонија ова ќе го прифати. Ова што го гледам е обид на Петков да ја одржи, каква таква, коалицијата во Бугарија со ултра радикален национализам. После неговата вчерашна изјава, не знам зошто воопшто преговараме“, рече Мицкоски.