Обвинетите осудени со Затворски казни од 4 и пол и 4 години добија професорите Бобек Шуклев и Славе Ристевски од Економскиот факултет зошто барале пари и секс од студентки за оценки.
Третообвинетиот во случајот „Еразмус“, демонстраторот Драган Денковски, е осуден со условна казна од 2 години доколку во следните 5 години не го повтори делото, зошто посредувал помеѓу студентките и професорите.
Пресуда ја донесе судијката Фанка Јанчулева Михаилоска на второто судење за предметот „Еразмус“, бидејќи во јуни 2021 година, предметот падна на Апелација.
Апелација го врати предметот на повторно судење и не ги потврди затворските казни за професорите од Економскиот факултет, кои претходно ги изрече Кривичниот суд.
Тројцата професори, Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски, како и демонстраторот Драган Денковски, беа гонети за примање поткуп од студенти за пишување преодни оценки. При изрекување на пресудата, за професорите Шуклев и Јанев, судијата дополнително рече дека е утврдено оти барале и сексуални услуги од студентки.
Затворската казна за Бобек Шуклев е од 4 ипол години за едно дело „примање поткуп“, додека пак Славе Ристевски за двете дела „примање поткуп“ доби казни од по 2 ипол години или единствена казна затвор од 4 години. Демонстраторот Драган Денковски пак, условната казна ја доби за сторени три кривични дела „давање поткуп“.
Професорот Драги Јанев, кој исто така судот го прогласи за виновен, почина додека траеше постапката.






