Бараат повисоки плати во јавниот сектор или – штрајк

Зголемување на платите во јавниот сектор согласно процентот со кој е покачена минималната плата, исплата на К15, откажување од идејата од јавен во приватен сектор – побара вчера Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од протестот во Куманово.



Во јавниот сектор просечната плата изнесува 19.000 денари и се граничи со социјалните примања, оттаму се бара усогласува со порастот на минималната плата која во последната година и пол е зголемена за 25 проценти, вели претседателот на КСС Благоја Ралковски,

Од простестот беше најавено дека ако не се прифатат нивните барања, ќе продолжат масовните протести во земјата или ќе прогласат генерален штрајк во јавниот сектор,, пренесува порталот СДК.мк