Бараат да се урне споменик на Црвената армија во Софија – била агресор во 1944-та

Бугарската Земјоделска партија (БЗНС) на Бугарија се противи на реставрација на споменикот на советската армија во Софија и смета дека во 1944 година Бугарија беше окупирана од советските трупи, поради што „таков споменик во главниот град е срамно“.



„Денеска, ова е најголемиот споменик во главн град на европска Бугарија. Според наше мислење, сепак, ова е скандалозно и ја срами целата бугарска нација!” – се вели во официјалниот став на партијата.

„Ако техничката влада на Румен Радев почне сообнова на споменикот на срамот, ова не само што ќе биде јасен знак за газење на уставно регулираната локална самоуправа, туку исто така ќе покаже дека владата не ја гледа Бугарија како суверена држава“!

Од партијата велат дека кога Бугарија го напушти Тројниот пакт (Германија,Италија, Јапонија) Сталин ѝ објави војна? „Советскиот Сојуз одби да склучи примирје и Црвената армија предавнички ја нападне нашата земја? “- се вели во соопштението.

Оттаму Црвената армија (како што тогаш се нарекуваше) е агресор – не е и не може да се смета за ослободител. Затоа, не е веродостојно да се тврди дека бугарскиот народ ја овековечил својата „благодарност“ кон неа во споменик.