Швајцарската компанија која го изгради гасоводот „Северен тек 2“ од Русија до Германија размислува да поднесе барање за неликвидност, соопштииле два извори запознаени со ситуацијата за Ројтерс.
Соединетите држави воведоа санкции за Северен тек 2 AG минатата недела, откако Русија призна два отцепени региони во источна Украина пред инвазија на земјата, што предизвика бран економски санкции од страна на Западот.
Кризата во Украина ги прави САД господари на пазарот на гас во Европа
„North stream 2 AG“, операторот на гасоводот „Северен тек 2“, западна во неликвидност, соопшти швајцарската радио-телевизиска компанија SRF.
Претходно беше објавено дека целиот персонал на компанијата во швајцарскиот кантон Цуг, каде што е регистриран, е отпуштен.
Советничката на раководството на компанијта, Силвија Талман-Гут рече дека „Северен тек 2 АГ“ мора да банкротира и потврди дека сите 106 вработени се отпуштени.
Откако Русија започна војна против Украина на 24-ти февруари, германската влада, која претходно го поддржуваше проектот Северен тек 2, го суспендираше процесот на сертификација на гасоводот.
Рускиот гасовод Северен тек 2 беше изграден со цел да ја заобиколи Украина во испораките на руски гас.
Владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел бешее жесток поддржувач на проектот, и покрај спроивставувањео, пред се , од САД.
По банкротот, единствен акционер во проектот ќе остане руската државна компанија „Газпром“.
Проектот од 10 милијарди евра беше цел на блокади и трпеше одложувања со години и наиде на жестоки критики од источноевропските сојузници на Германија, како што се Полска и Украина.
Тој беше завршен во септември, но германскиот енергетски регулатор BNetzA тогаш рече дека процесот на одобрување на гасоводот најверојатно ќе се одолговлекува до втората половина на 2022 година.







