Банките станаа главни купувачи на еврообврзниците

Банките стануваат водечки купувачи на обврзници од некои влади на еврозоната, искористувајќи ги предностите на зголемените каматни стапки додека Европската централна банка (ЕЦБ) се обидува да го намали своето присуство на пазарот. На владите на еврозоната им требаат приватни купувачи за да подигнат околу 400 милијарди евра дополнителен долг оваа година.



Потребите за финансирање остануваат високи поради енергетскиот шок што уследи по руската инвазија на Украина, додека ЕЦБ, голем купувач во последниве години, наскоро ќе почне да ги намалува обврзниците што ги држи на својот биланс од 8 трилиони евра, бидејќи, како што проценува Ројтерс, ги заострува монетарните политика со цел да се ограничи инфлацијата.

Линк до целата анализа.