По реакциите во јавноста во кои граѓани тврдат дека тврдат дека 6-те илјади денари од држаавата помош во време на корона им ја земаат извршители, банките реагираат;



Дел од банките со кои контактираше ТВ 24 даваат различни информации што да прават граѓаните со блокирани сметки но сите се на став дека државната помош нема да биде префрлена на блокирани сметки и дека за овие пари граѓаните ќе треба да отворат посебни наменски сметки најдоцна до петок 25 декември.

Некаде овие сметки ќе ги отворат самите банки, доколку податоците на граѓаните им се ажурирани, како што е случајот со НЛБ банка и Стопанска банка, но некаде тоа ќе биде обврска на самите граѓани.