Пресметка меѓу криминални групи е егзекуцијата на Орхан Бајрами-Оки во Ханиоти на Халкиди.
Убиениот на Халкидики бил сопственик на казино во Македонија
Повеќе години меѓу скопски кланови од подземјето има меѓусебни престрелки и напади во Скопје, а последните напади се случуваат надвор од државата, пишува Фактор.
Пред еден месец, по вооружената престрелка во Приштина, беше убиен Блерим Даци од Чаир. Претходно во Скопската чаршија, на 6 март годинава, беа убиени Јетон Кривањева – Жила, и Енес Исени.
Ниту едно од овие убиства не е расчистено – не се откриени ниту убијците на Камер Идризи кој беше убиен во мај 2021, ниту убиството на неговиот брат Јонуз Идриз, во скопски Чаир.
Претходно беше убиен Џелал Ајети кој беше застрелан во чајџилница во скопската чаршија и неговиот брат.
Не е расчистено ниту пукањето среде бел ден во хотелот Александар Палас во Скопје, во 2019 година кога пет маскирани лица пукаа во членовите на ривалската група.






