Бугарската академија на науки (БАН) отпушти научник од Институтот за математика и информатика по коментар на социјалните мрежи во кој го оправдува насилството врз жените.
Ставот на Радослав Марков објавен на неговиот Фејсбук профил е поврзан со нападот на 18-годишната Дебора од Стара Загора. Во својот коментар тој сугерира дека некои жени заслужуваат насилство од мажите.
Како одговор на реакциите за изјавите на Марков, Институтот за математика и информатика ИМИ при Бугарската академија на науките потсетува дека веќе на 31 јули 2023 година, категорично се оградил од однесувањето на академикот, кој наштетил на престижот и доброто име на Институтот.
Во оваа насока, Радослав Марков од 4 август не е вработен во ИМИ-БАН.







