Градоначалникот на Лондон Садик Кан даде дозвола за необичен протест на група активисти кои сакаат во воздух да пуштат 6 метарски балон во форма на Доналд Трамп како гигантско бебе во пелени.
Протестот треба да се одржи за време на посетата на американскиот претседател на британската престолнина следната недела.
Се разбира последниот збор за тоа дали гигантското бебе Трамп ќе лета е небото над Вестминстер ќе имаат Скотланд јард и националната служба за услуги на воздушниот сообраќај.
На 13 јули Доналд Трамп пристигнува во Лондон каде ќе се сретне со британската кралица Елизабета Втора.
Трамп, исто така, ќе разговара со премиерот Тереза Мај.





