Балканските политичари се лидери во однос на висината во споредба со другите светски политичари пренесува БГНЕС напис на турскиот „Сабах“.
Четворица од првите пет највисоки политичари во светот се од Балканот.
Прв на список е албанскиот премиер Еди Рама, висок 202 сантиметри.
Веднаш зад него е неговиот српски колега, Александар Вучиќ, со висина 199 см.
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ е висок 196 сантиметри.
На 4-то место по висина меѓу лидерите во светот е поранешниот американски претседател Трамп кој можеби не изгледа многу висок, но со своите 190 см е релативно висок во споредба со другите светски лидери. Некои тврдат дека е малку повисок, но ова може да се должи на распуштената коса.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган можеби не е највисокиот политичар, но влегува во првите петмина со своите 185, повисок е од просечен Турчин, но и од друи светски лидери, на пример од актуелниот шеф на САД кој е висок 182 сантименти.
Британскиот премиер Борис Џонсон има „просечна“ висина за мажи на Островот од 175 см.
Кинескиот претседател Си Џинпинг е 1,75 метри и е повисок од неговите претходници.
Рускиот претседател Владимир Путин со своите 170 см останува „во сенка“ на своите колеги, што го компензира со политички настапи.
Германската канцеларка Ангела Меркел е висока 165 метри сантиметри, но остави широк белег во светската политика.
Лидерот на Северна Кореја е малку покус од Меркел – 163 см, но создава доста високи тензии во светската политика. BGNES







