Случајот на новинарот на „Шпигел“ кој со години пишувал измислени стории, не престанува да шокира: Пишувал за фудбал со човечки черепи на Косово, за крвна освета во Албанија за што му раскажувал непостоечки човек, известувал од средба на воени ветерани во Сараево која – не се случила.
Многу медиуми од германско јазично подрачје,
пишува „Дојче веле“ , ги пренесувале неговите написи за кои сега се дознава дела биле лажни.
Новинарот Клас Релоциус, кој призна дека лажел и доби отказ од Шпигел, наводно, бил на Конференција на трауматизирани воени ветерани од 2012 година, кои се нашле во Сараево 20 години по војната.
„Некои луѓе немаат рака, на други стопало или цела нога, наводно на овој начин ги опишувал Релоциус учесниците на конференцијата.
Средбата наводно била организирана од Центарот за ненасилна акција. Но, Ивана Франовиќ од таа организација вели дека – не знае за таква конференција.
Германскиот новинар пишувал за „војници во Косово кои играле фудбал со черепи“, а тоа наводно го дознал од наводниот хрватски ветеран Душан Новаковиќ.
Но, Хрватите не учествувале на било кој начин во Косово, а од настанот нема – фотографии, ниту пак објаснување од каде Новаковиќ го знаел тоа.
„Ноје цирхер цајтунг зонтаг “од Цирих, пренел текст од Релоциоус и неговата репортажа од Албанија насловена „Око за око, крв за крв, крвна одмазда во Албанија“, објавена на 9 декември 2012.
Новинарот на „Шпигл“ наводно бил во Албанија каде бил придружуван од претставник на невладиниот Национален комитет за помирување. Придружникот, на возраст од 43 години, Релоцуиус го опишал како кисел човек кој носи волнени џемпери и гумени чизми, а името му било Јенва Баши.
Но, од Националниот комитет за помирување велат дека таму никогаш немало некој со такво име. Не е можно да се потврди и постоењето на други протагонисти од приказната…
Денеска „Шпигл“ откри дека ова не било единствениот грев на наградуваниот новинар кој бил прогласен и за „новинар на годината“ од Си-ен-ен.
Тој измислил приказна за сиријски деца кои наводно живееле на улица во Турција и ги повикал читателите да им помогнат со свои парични прилози, но парите ги упатил на – негова сметка.





