Балкански ,,мачо” протокол на Бледскиот стратешки форум (ФОТО)

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на посетата на Словенија по повод учеството на Бледскиот стратешки форум, вчера присуствуваше на работна вечера во организација на словенечкиот премиер Роберт Голоб, пренесува МИА која јавува дека .
лидерите ја искористиле можноста за дискусија врзана со европската интеграција на земјите од Западен Балкан како и напредокот на реформските процеси што се смета за најдобра инвестиција за земјите од регионот.



На работната вечера покрај премиерот Ковачевски учествуваа претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, како и премиерите на Албанија Еди Рама, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто и вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Словенија Тања Фајон.

Од фотографијата од средбата се гледа дека крајно невообичаено за ваков вид средби женските гости седат на крајот на масата а во средината доминираат мажи.

Од фотографијата се гледа дека српската премиерка Брнабиќ седи на крајот на масата далеку од косовскиот и албанскиот премиер а на другиот крај на масата седи Тања Фајон, исто така жена.