Политички аналитичари од регионот оценуваат дека големите анти-владини демонстрации во последниве денови во Белград, Тирана и Подгорица имаат арактеристика на „Балканска пролет“. Оваа фраза веќе се врти на социјалните медиуми, особено на Твитер, каде што корисниците, меѓу другото, објавуваат дека „пролетта’ на Балканот беше одложувана 20 години, пишува грчки„Катимерини“.



Една од причините се и  „Двете децении чекање за пристапување во ЕУ што  е долго време“.

Во Албанија, илјадници демонстранти од опозицијата се судрија со полициските сили во протестите против премиерот Еди Рама, барајќи негова оставка и предвремени избори. ЕУ и САД ја повикаа опозицијата на земјата да  избегне насилство и да не ја бојкотираат работата на парламентот поради нивниот протсет против  корупцијата во земјата.

Илјадници активисти демонстрираа во главниот град на Црна Гора, барајќи  оставка на претседателот Мило Ќугоновиќ и Канцеларијата на јавниот обвинител за организиран криминал.

Десетици илјади луѓе тргнаа по единаесеттиот пат по ред во Белград, со централен слоган за оставката на претседателот Александар Вучиќ и на владата на Српската напредна партија.

На масовните протести во Србија, Албанија и Црна Гора граѓаните го искажуваат незадоволството од нивните влади да се модернизираат.  Многу аналитичари затоа зборуваат за „Балканска проле“”.