Балаков очекува Македонија да биде големо изненадување на ЕП во фудбал

Легендарниот бугарски фудбалер Красимир Балаков очекува македонската репрезентација да биде пријатно изненадување на Европското првенство.



„Европско првенство организирано во неколку држави е поинтересно. Очекувам да биде неконвенционално, со свои фаворити и изненадувања, се разбира, и се надевам дека големо изненадување ќе предизвика Северна Македонија“, изјави фудбалерот што го сметаат за втор по Христо Стоичков во бугарската репрезентација што стигна до полуфиналето на Светското првенство 1994 во САД.

„Англија и Франција се фаворити, но Германија, Италија и Португалија секогаш можат да ги расипат сметките. Што се однесува до Шпанија и Германија, во кои има промена на генерациите, тоа не значи дека тие не можат да победат. Отсекогаш имало такви смени“, додава некогашниот офанзивен играч за врска со 92 настапи и 16 гола за Бугарија.