Иранска државна телевизија вчера им се извини на гледачите затоа што накратко на ТВ екраните прикажа пар како се бакнува.
Мрежата Насим на неколку секунди прикажа момче и девојка како се бакнуваат додека минуваат пред камера поставена во парк.
Сцената била дел од шоуто на „скриена камера“.
Мрежата се извини за „грешка која е резултат на невнимателноста на продукцискиот тим“, се вели во соопштението објавено од агенцијата Ирна.
Во Иран, секој физички контакт меѓу маж и жена е забранет на државната телевизија.
„Насим“, која исклучиво произведува забавни емисии, отвори истрага и „ќе преземе цврста акција против одговорните за оваа небрежност“, се додава од телевизијата.






