Бајрами: Седете дома, ние се грижиме за вас

Рамазан Бајрами, единствениот Ром кој работи како медицински техничар во Центар Жупа, испрати фотографија и порака до неговите колеги и граѓаните од оваа општина кои се во карантин. 



Тој апелира со слоганот ,,Јас сум на работа, вие седите дома”.


Порака со слична содржина вчера испрати и лекар од Дебар вчера со апел до сограѓаните да не излегуваат од дома, но и да не фрлаат маски и ракавици на земја. 

Во Македонија има 18 заразени со корона.