Не е битен изворот на пожарот, туку дали објектот бил изграден замајки ги во предвид барањата за заштита од пожар предвидени и со закон, според кои тој во целина требало да биде отпорен на пожар најмалку 30 минути, вели градежниот инженер Неџат Бајрами за Фокус.
Бајрами вели дека потребно е време за евакуација на пациенти, кадар и евентуално опрема. Исто така, додава тој, мора да се обезбеди дека објектот нема да се сруши за минимално време проектирано на отпорност од пожар.
Околу трагедијата во тетовската модуларна болница во која изгореа 14 пациенти, Бајрами вели дека „нНадлежните органи потребно е да одговорат на прашањето како целата модуларна болница изгоре во рок од неколку минути. Изворот на пожар можело да биде од различна природа, но тоа не значи дека модуларната болница требало да изгори во рок од неколку минути“.
Вели дека доколку се користеле соодветни материјали последиците од пожарот немало да бидат фатални.
Не бил предвиден материјал отпорен на пожар во модуларните болници






