Брзината со која изгоре модуларниот центар во Тетово покажа дека објектот немал противпожарен систем и дека материјалот од кој е изграден не бил отпорен на пожар, вели инженерот Неџат Бајрами според кој модуларните болници не се безбедни.



„По трагичниот настан, додека изведувачот не обезбеди спецификација за да докаже дека материјалот е отпорен на пожар, технички јас изјавувам дека сите објекти изградени по сличен принцип не се безбедни“, вели Неџат Бајрами, пренесе ТВ21.

Бајрами ја проверил тендерската документација на модуларната болница во Скопје, каде, како што тврди, никаде не пишува дека е користен материјал отпорен на пожар.

„Најголемиот пропуст го гледам во тендерската документација каде никаде, во ниту една точка не е предвидено користење на материјал отпорен на пожар. За изградба на модуларните објекти се користат „сендвич панели“, меѓутоа има голема разлика меѓу различните видови, зависно од материјалот кој е користен“, вели Неџат Бајрами.