Бајден загрижен: Путин нема излез од војната во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е загрижен бидејќи рускиот претседател Владимир Путин нема да може да се повлече од војната во Украина, пренесе Ројтерс.



Бајден рече дека Путин погрешно верувал дека инвазијата на Украина ќе ги уништи НАТО и Европската унија. Наместо тоа, САД и многу европски земји и се приклучија на Украина.

Американскиот претседател за рускиот колега рече дека Путин многу пресметлив човек и дека проблемот што сега го загрижува е тоа што рускиот лидер „во моментов нема излез и јас се обидувам да сфатам што правиме со тоа“.

Вчера американскиот претседател потпиша закон за олеснување на процедурата за испраќање оружје во Украина.