Американскиот претседател Џо Бајден синоќа оцени дека Илон Маск ја купил платформата за социјални медиуми Твитер за да шири лаги низ светот.
„Сега, она што најмногу нè загрижува е тоа што Илон Маск купува компанија која испраќа или едноставно шири лаги низ целиот свет… Во Америка веќе нема уредници. Нема. Како очекуваме децата да разберат што е “на коцка“, рече Бајден.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер претходно изјави дека овие ставови се однесуваат на Твитер, но важат за Фејсбук и за секоја друга социјална мрежа каде што корисниците можат да шират дезинформации.
Маск вети дека ќе ја врати слободата на говорот и во исто време ќе спречи Твитер да стане „пеколен пејзаж“.
Големите огласувачи изразија загриженост поради купувањето на Твитер од страна на мултимилијардерот.







