Претседателот Џо Бајден се изнасмеа кога новинари го прашаа дали ја видел затворската слика на екс-пратеседателотѕ и неговиот соперник на идните претседателски избори, Доналд Трамп.
„Го видов тоа на телевизија“, одговори Бајден, пренесува Еј,Би-Си њуз.
На прашањето што мисли, Бајден одговори: „Згодно момче. Прекрасно момче“.
Тоа беа првите коментари на претседателот Бајден за правните проблеми на Трамп, бидејќи тој и Белата куќа во голема мера избегнуваа да ги коментираат обвиненијата на Трамп.
Поранешниот претседател во четвртокот се јави возатвор во Фултон-Џорџија каде беше фотографиран и му беа земени отпечатоци, по што беше пуштен со кауција од 200.000 долари.
Тој, во 4-то обвинение против него се соочува со повеќегодишна казна – доколку биде осуден – за мешање и непризнавање на изборите во сојузната држава Џорџија во 2020-та.






