„Единственото нешто полошо од Иран во моментов е Иран со нуклеарно оружје“, изјави Џо Бајден за израелскиот Канал 12 пред дернешната посета на американскиот претседател на Израел, првата станица од неговата блискоисточна турнеја.
Тој им нуди гаранции на израелските лидери дека е решен да ја запре иранската нуклеарна програма, па дури и да употреби сила „како последно средство“.
Запрашан за употребата на воена сила против Иран, Бајден рече: „Ако тоа би било последно средство, (тогаш) да“, пренесува АП.
Израел го смета Иран за најголем непријател и предупредува против нуклеарната програма на Техеран и повикува на уништување на еврејската држава.
Се очекува САД и Израел денеска да издадат заедничка декларација со која се зацврстуваат блиските воени врски на двете земји и им дава нова сила на повиците за воена акција за неутрализирање на иранската нуклеарна програма.






