Дури и ако Русија напредува на бојното поле, Путин долгорочно ќе плати „висока цена“, изјави американскиот претседател Џо Бајден во вчерашното обраќање до нацијата во делот кој се однесуваше на војната во Украина.
„Тој нема поим што го чека“- порача Бајден.
„Во нашата историја ја научивме оваа лекција: кога диктаторите ќе навлезат во една земја, тие мора да платат за тоа“. Затоа, како што рече тој, НАТО е основан по Втората светска војна – за да гарантира „мир и безбедност во Европа“, рече Бајден.
Слободата секогаш ќе победи над тиранијата, рече Бајдвон во својот прв говор за состојбата на нацијата пред двата дома на Конгресот во Вашингтон.
Бајден ја пофали подготвеноста на украинскиот претседател Зеленски и народ за одбрана и ѝ вети на Украина поддршка од страна на САД.






