Американскиот претседател Џозеф Бајден пристигна во ненадејна посета на Киев.
Претходно беше најавено дека ќе ја посети Полска и таму ќе одржи говор на годишнината од почетокот на војната во Украина.
Ова е негова прва посета на Украина откако Русија изврши инвазија пред речиси една година, јавува Би-Би-Си.
Ненадејната посета дојде откако тој отпатува во соседна Полска за да се сретне со претседателот Анджеј Дуда.
Пред да пристигне Бајден, градот беше блокиран. Се огласија и сирени за воздушен напад, по најавата дека во главниот град пристигнува висок функционер.
Бајден во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а таа средба се одржа во катедралата Михајловски во центарот на градот, која од утрово е затворена за сообраќај.
„Една година Киев преживува, а Украина преживува. Демократијата преживува“, изјави Бајден кусо пред новинарите.






