Американскиот претседател Џо Бајден ја оцени како трагична грешка одлуката на Врховниот суд на земјата, со која се поништува уставното право на абортус. Според него таа одлука е резултат на „екстремистичка идеологија“.
Во петокот, Врховниот суд на САД ја укина уставната одбрана за абортусот што беше во сила речиси 50 години. Ова се случи со поддршка на пет судии избрани од Конзервативната републиканска партија.
Претседателот Бајден го нарече „тажен ден“ петокот кога одлуката беше донесена, и тоа не само за Врховниот суд, туку и за целата земја.
„Здравјето и животот на жените во оваа земја сега се во опасност“, рече тој на нацијата. Бајден нагласи дека САД сега се исклучок во светот.
Тој повика борбата да продолжи на мирен начин и правото на абортус и сите други лични слободи да се заштитат од гласачките кутии. Неговиот повик доаѓа неколку месеци пред конгресните избори во средината на ноември, што се покажува тешко за Демократската партија на Бајден.





