Бајден: Сто долари „награда“ за секој што ќе прими вакцина

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика властите на американските сојузни држави да го наградат секој нововакциниран граѓанин со 100 долари, а се’ со цел да се зголеми стапката на имунизација на населението.



За таа намена средства можат да се обезбедат од 350 милијарди долари наменет за државите, локалните и другите власти за борба против последиците од пандемијата на коронавирусот.

Аериканското Министерството за финасии соопшти дека ќе обезбеди техничка помош за да се искористат средствата за поддршка на поголема вакцинација, објави Ројтерс.