Бајден: Срамно е што Трамп не го признава поразот

Џо Бајден изјави дека одбивањето на претседателот Доналд Трамп да го признае признае победникот за изборите во Белата куќа минатата недела е „срам“.



Но, Бајден, избраниот претседател на САД, како што јавува Би-би-си, инсистираше на тоа дека ништо нема да го спречи трансферот на власта.

Трамп во меѓувреме објави на Твитер дека на крајот ќе победи во трката за која сите големи ТВ мрежи предвидоа дека ја изгубил.

Ниту еден од резултатите од држава до држава сè уште не е заверен, неколку пребројувања на гласовите продолжуваат, а резултатот ќе биде утврден само откако американскиот изборен колеџ ќе се состане на 14 декември.

Бајден разговараше со странски лидери додека се подготвува да ја преземе функцијата.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, ирскиот Михаел Мартин, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел беа меѓу оние со кои разговараше во вторникот.

За разговорите со нив, Бајден изјави: „Им дадов до знаење дека Америка се врати. Се вратиме во игра”.

На Бајден, сепак, досега не примил честитки од Русија, Кина, Израел, Северна Кореја, Мексико…