Американскиот претседател реши да и се обрати на нацијата само неколку часа откако специјалниот обвинител на Министерството за правда објави неверојатен извештај во кој се доведува во прашање психичката состојба на Џо Бајден, пишува Sky News.
Специјалното обвинителство откри дека претседателот Бајден – најмоќниот човек на светот – има толку „магливо“ и „лошо“ сеќавање што не може да се сети кога бил потпретседател или кога починал неговиот син.
Извештајот е загрижувачки за американскиот претседател, а Бајден бил бесен бидејќи извештајот ја става неговата иднина во сериозна опасност.
Но, во обид да ја преземе контролата повторно во свои раце, настана хаос.
Одговарајќи на новинарските прашања, по неколку минути реши да си оди.Но, тогаш, без посебна причина, тој се врати за да одговори на прашање за Газа и – овој пат, ги помеша имињата на претседателите на Мексико и на Египет.
„Претседателот на Мексико, Ал Сиси, не сакаше да го отвори преминот кон Газа за да дозволи влез на хуманитарен материјал“, рече тој.
„Многу луѓе, … понекогаш знаат да кажат нешто погрешно“, го бранеше неговиот портпарол, по трите гафови во изминатите неколку дена.
Прво, тој го помеша францускиот претседател Емануел Макрон со неговиот претходник од пред три децении, Франсоа Митеран.
Во вторникот не можеше да се сети на името Хамас кога разговараше за војната во Газа, а вчера ја помеша поранешната германска канцеларка Меркел со нејзиниот претходник Хелмут Кол.






