Бајден сака Фон дер Лејен да биде на чело на НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден инсистира претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен да биде назначена за следен генерален секретар на НАТО, открива Телеграф.



Се вели дека Лајен е посакуван кандидат на САД.

Извор од НАТО изјавил дека американскиот претседател се обидува да ја убеди Фон дер Лајен – која беше поранешен германски министер за одбрана – да го наследи Столтенберг поради загриженоста дека нема да се појави соодветен кандидат во следните 12 месеци.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе остане на чело на НАТО до октомври 2024. Во вторникот на самитот на НАТО во Вилнус, Алијансата му го продолжи договорот за уште една година.

Целта на овој потег е да се задржи искусен и етаблиран лидер на функцијата со цел војна на прагот на Алијансата, наместо да се бара договор за наследник.