Американскиот претседател Џо Бајден уште еднаш повтори дека американските сили ќе го бранат Тајван во случај на кинеска инвазија, и ова е досега негова најексплицитна изјава за ова прашање.
Запрашан во интервјуто на CBS 60 Minutes емитувано во неделата дали американските сили ќе го бранат самоуправниот остров за кој превзема Кина, тој одговори: „Да, ако всушност има напад без преседан“.
Запрашан да разјасни дали сака да каже дека за разлика од Украина, американските сили (…) ќе го бранат Тајван во случај на кинеска инвазија, Бајден рече: „Да“.
Портпаролот на Белата куќа по интервјуто разјасни дека сепак американската политика кон Тајван не е променета, откако беше прашан за коментарот на претседателот.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Кина поднела „строги претставки“ со САД, а портпаролот рече дека Кина го задржува правото да ги преземе сите неопходни мерки како одговор на активностите што ја раздвојуваат нацијата. Пекинг го смета Тајван за дел од Кина.
Министерството за надворешни работи на Тајван изрази „искрена благодарност“ до Бајден што „го потврди цврстото ветување на американската влада за безбедност на Тајван“.
Забелешките на американскиот претседател ја доведуваат во прашање долгогодишната позиција на Вашингтон за „стратешка двосмисленост“ за Тајван.
Со федерален закон САД се обврзани да обезбедат дека Тајван има средства да се брани, но законот не наведува дали ќе бидат испратени американските сили . САД немаат формални односи со Остров, но одржуваат неформални дипломатски врски.






