Претседателот на САД, во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации нагласи дека нуклеарна војна „никогаш не треба да се води“, јавуваат агенции и медиуми.



Бајден истакна дека таква војна „не може да се добие“. Американскиот претседател ги повика земјите ширум светот „повторно да се заложат за зајакнување на режимот за неширење нуклеарно оружје преку дипломатија“.

Бајден рече дека „без разлика што друго се случува во светот, САД се подготвени да преземат критични мерки за контрола на оружјето“.

Тој ги осуди последните коментари на Русија, велејќи дека „упатуваат неодговорни нуклеарни закани за употреба на нуклеарно оружје“.

Бајден, исто така, ја критикуваше Кина дека „спроведува невидено нуклеарно засилување без никаква транспарентност“.

Споредц Бајден, Вашингтон „не бара Студена војна со Кина“. Тој повтори дека САД сè уште се „посветени на политиката на една Кина“, додавајќи дека сакаат само „да промовираат мир и стабилност во Тајванскиот теснец“.

Бајден увери дека додека САД „управуваат со геополитичките трендови, ќе се однесуваат како разумен лидер“, цврсто наведувајќи дека Вашингтон „не бара конфликт“.