Бајден: Русија ќе ја нападне Украина со хемиско и биолошко оружје

Обвинувањата на Русија дека Киев поседува биолошко и хемиско оружје се невистинити и покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин размислува да го искористи во војната против Украина, изјави американскиот претседател Џо Бајден, без да обезбеди докази.



Ројтерс објави дека изјавата на Бајден коинцидира со претходните коментари на официјални лица во Вашингтон и сојузниците кои ја обвинија Русија за ширење на неосновано тврдење дека Украина има програма за биолошко оружје како можна увертира за можен руски биолошки или хемиски напад.

Руското Министерство за одбрана го обвини Киев без да обезбеди докази дека планира хемиски напад врз сопствениот народ за да ја обвини Москва за употреба на хемиско оружје во инвазијата на Украина.

На почетокот на овој месец, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан разговараше со Николај Патрушев, секретар на Советот за безбедност на Русија, и го предупреди за последиците од „секоја можна руска одлука за употреба на хемиско или биолошко оружје во Украина“.

Белата куќа не прецизираше какви ќе бидат овие последици.