Американскиот претседател додаде уште еден во низата гафови откако рече дека рускиот претседател Владимир Путин ја губи војната во Ирак.
Путин, всушност војува со Украина – а, не во блискоисточната земја Ирак која САД и нивните сојузници ја нападнаа во 2003 година, пренесоа медиуми.
Одговарајќи на прашања на новинарите за Путин, Бајден рече: „Тешко е да се каже, но тој очигледно ја губи војната во Ирак“.
Бајден стави рака на срце на туќа химна, доцна сфати дека не е американската
Бајден рече дека Путин губи војната и дека предизвика лутина ширум светот“ не е само НАТО, Европската унија, Јапонија…
„Тоа се, знаете, 40 нации“, мислејќи на опозицијата против Путин.
Бајден и претходно имал гафови. Неодамна се сопна и падна на јавен настап, а на почетокот на овој месец, тој во говорот пред застапниците за контрола на оружјето, рече: „Боже чувај ја кралицата“.






