Претседателот Џо Бајден вчера изјави дека е убеден дека рускиот претседател Владимир Путин ја донел одлуката за инвазија на Украина, но нагласи дека просторот за дипломатија останува.



Бајден: Чувствувам дека Русија ќе ја нападне Украина во следните неколку дена

„Од овој момент, убеден сум дека тој ја донесе одлуката“, рече Бајден за новинарите во Белата куќа пренесува Си-Ен-Ен.

Претседателот, исто така, рече дека САД веруваат дека руските сили имаат намера да ја нападнат Украина „во наредната недела“ или порано, и дека нападот ќе биде насочен кон украинскиот главен град Киев.

Бајден планира да го помине викендот во Белата куќа од каде ќе ја следи тековната украинска криза.

Тој ќе има средби со неговиот тим за национална безбедност и останува во близок контакт со светските лидери, велат повеќе официјални лица.

Бајден го одложи атувањето во Делавер, како што обично прави, и одлучи да остане во Вашингтон.

Тој ја повтори својата закана за воведување огромни економски и дипломатски санкции ако Русија ја нападне Украина и го повика Путин да ги преиспита своите намери. Бајден рече дека САД и нивните западни сојузници се обединети повеќе од кога било порано да осигураат Русија да ја плати цената за таа инвазија. Бајден, исто така, ѝ порача на Русија дека „не е предоцна“ за дипломатија.