Новоизбраниот амрикански претседател се здобил со фрактури на една од коските на стапалото поради што неколку недели ќе мора да носи ортопедска чизма.
ТоЏо бајден (78) се лизнал додека си играл со неговото куче Мејџор, соопшти вчера неговиот лекар, пренесуваат медиуми.
Др Кевин О’Конор, рече дека првичниот рентген не покажал никакви фрактури и се сметало дека тој само ја истегнал десната нога, но подоцнежните снимки покажале дека сепак се работи за фрактура.
Лекарот рече дека Бајден „најверојатно ќе бара чизма за пешачење неколку недели“.
Бајден на 20 ноември наполни 78 години, а на 21 јануари треба да биде инаугуриран за амњерикански претседател.






