Бајден потврди дека ќе се кандидира за втор мандат

Најстариот актуелен претседател на Америка, вчера потврди дека ќе се кандидира за втор мандат на претседателските избори во 2024 година, но сè уште не.



„Имав намера… од самиот почеток да се кандидирам“, рече 80-годишниот Џо Бајден во интервју за ABC News.

Тој одговори дека неговата возраст не влијае на одлуката дали ќе се кандидира или не, но го разбира распрашувањето.

Неговата сопруга, Џил Бајден, претходно во петокот за агенцијата Асошиетед прес потврди дека сега е потребно само да се одреди датумот и местото каде актуелниот претседател ќе го објави својот влез во изборната кампања.

Запрашан да ги коментира нејзините зборови, Бајден само накратко рече дека не брза.

„Има и други краткорочни работи што треба да ги завршиме пред да ја започнеме кампањата“, рече тој.