Американскиот претседател Џо Бајден вќера изјави дека одлучил да се кандидира за втор мандат и дека ќе ја објави својата кампања „релативно наскоро“, објави Ројтерс.
Бајден(80- во понеделникот рече дека планира да се кандидира за реизбор во 2024 година, но сè уште не е подготвен да го објави.
„Планирам да се кандидирам… но сè уште не сме подготвени да го објавиме тоа. Бајден рече дека има намера да биде демократски кандидат во 2024 година, но не даде официјално соопштение.
И Бајден и потпретседателката Камала Харис изјавија дека ќе се кандидираат заедно.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп деновиве изрази сомнеж во плановите за реизбор на претседателот Џо Бајден.
Трамп (76) ќе бара реванш со човекот кој го победи во 2020 година.







