Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој се става крај на нормалните трговски односи со Русија. Ова е последниот чекор што САД го преземаат за да ја казнат Москва за нејзината воена инвазија на Украина, објави The Hill.
Бајден, исто така, потпиша нацрт-закон за забрана на увоз на руска нафта, соопшти Белата куќа синоќа.
Потегот на американскиот претседател доаѓа околу еден месец откако тој, заедно со другите земји од Г7, ветија дека ќе го сторат тоа.
Законот што го потпиша Бајден стави крај на нормалните трговски односи и со Русија и со Белорусија.
Ова му овозможува на Бајден да воведе повисоки царини за рускиот увоз и дополнително ќе ја задуши руската економија, која веќе е тешко погодена од меѓународните санкции воведени поради војната во Украина.
Сенатот едногласно го усвои законот во четвртокот, а Претставничкиот дом брзо го следеше примерот со широко двопартиско гласање од 420 „за“ и 3 „против“.
Администрацијата на Бајден во средата објави нови санкции против ќерките на рускиот претседател Владимир Путин, семејството на првиот руски дипломат и двете најголеми банки во Русија.







